ВИДЕО | Летонија ги казни нашите грешки, убедлив пораз на младинците во Анталија

Македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз на денешниот контролен натпревар против Летонија со 3:0.

Летонците ги искористија нашите грешки во одбраната, па иако можеби имавме повеќе од играта и создадовме повеќе прилики за гол, сепак нашите фудбалери беа убедливо поразени.

Резултатот го отвори Пузиревскис пред крајот на првото полувреме кога ја искористи бавната реакција на нашата игра. Во вториот дел создадовме неколку добри прилики, но изостана реализацијата, па Рекис со два гола во 69-тата и 83-та не казни и ги постави конечните 3:0.

Во Анталија младинците ќе одиграат уште два натпревари со Финска на 25-ти март и Словачка на 28-ми март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот