ВИДЕО | Лекарката која рече дека нема Ковид, била веќе позната антиваксерка во регионот

Познат идентитетот на лицето кое рече дека вирусот не постои, на последниот протест против новите мерки на Владата. Се работи за Слаѓана Велков, која е веќе позната антиваксерка во регионот.

Имено, Велков пред три години се најде во медиумите во Србија, откако група од 270 родители на чело со двајца лекари поднесле кривична пријава против неа поради предизвикување на паника и неред кај населението, бидејќи била против вакцинација на деца, во време на епидемијата на морбили, пренесува Fronline.mk.

Велков инаку, на социјалните мрежи има стотина илјади следбеници, со години води кампања против вакцинацијата, верува во самоизлекување преку исхрана, веганство и објавува непоткрепени контроверзни ставови кои во повеќе наврати од сервисите за проверка на факти биле препознаени како дезинформации.

Во една постара вест која датира од 2015 година, објавена на Сител, се вели дека македонска надрилекарка е под истрага затоа што нудела белило како лек за деца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот