ВИДЕО: Лејкерси го елиминираа Мемфис, Сакраменто се избори за „мајсторка“ против Голден Стејт

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кошаркарите на Сакраменто во шестиот натпревар го совладаа Голден Стејт со 118:99 и се изборија за „мајсторка“ во првата од НБА плеј-офот во Западната конференција.

Кингси беа предводени од Монк со 28 поени, седум скока и четири асистенции, а Фокс запиша 26 поени и 11 асистенции. Кај Вориорси доминираше Кари со 29 поени, пет асистенции и четири скока, следен од Томпсон со 22 поени, 13 асистенции и седум скока.

Седмиот решавачки меч меѓу овие две екипи ќе се игра в недела од 21.30 часот, а победникот во полуфиналето на Западот ќе игра против Лејкерси кои во шестиот меч славеа убедливо со 125:85 и со 4:2 во серијата го елиминираа Мемфис.

За „езерџиите“ прв стрелец беше Расел со 31 поен и четири асистенции, додека Џејмс забележа 22 поени, пет скока и шест асистенции. На спротивната страна за Гризлис се истакна Алдама со 16 поени и пет скока, а Бејн оствари 15 поени и пет скока.

НБА плеј-оф, резултати

Голден Стејт вориорс – Сакраменто кингс 99:118 (3:3)
Лос Анџелес лејкерс – Мемфис гризлис 125:85 (4:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот