ВИДЕО: Лацио е недораснат ривал за Баерн, Жиру со фантастичен гол го реши Атлетико

Полјакот пред својата 35 година сака да има уште еден голем предизвик/Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI/BT

Европскиот шампион Баерн Минхен, со едната нога се наоѓа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во првиот осминафинален дуел во Рим го совлада Лацио со 1:4 и притоа постави нов рекорд во елитното натпреварување.


Имено, ова им беше 17. натпревар на гости во ЛШ на кој не се поразени. Последниот пораз на гостински терен го доживеаја во 2017 година. Баварците вечерва го соборија рекордот на Манчестер јунајтед кој од 2007 до 2010 година имаше серија од 16. гостувања без пораз.


На „Олимпико“, Баерн работата ја заврши уште во првото полувреме кога дојде до предност од 0:3. Голеадата ја отвори Роберт Левандовски во деветтата минута по грешката на дефанзивецот на Лацио, Матео Мусакио. Во 24. минута веќе беше 0:2, а стрелец на голот беше тинејџерот Џамал Мусиала. Мусиала со 17 години и 363 дена стана вториот најмлад фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите, а е најмлад англиски фудбалер кој дава гол во ЛШ. Во финишот од првиот дел, Лерој Сане зголеми на 0:3 и ги реши дилемите околу победникот, а најверојатно и патникот во четвртфиналето.

Каде што застанаа во првиот дел, баварците продолжија во вториот дел и веќе во 47. минута имаа предност од 0:4. Овој пат мрежата ја затресе домашниот играч, Франческо Ачерби.Лацио преку Хоакин Кореа само успеа да го ублажи поразот.
Со големата предност пред реваншот во Минхен, ќе биде вистинско чудо доколку Баерн не го продолжи походот кон одбраната на титулата.


Со доаѓањето на Томас Тухел, екипата на Челси игра препородено. Во дуелот кој се играше во Букурешт, Челси славеше со 0:1 над Атлетико Мадрид.
Случувањата на теренот беа очекувани, „јорганчиите“ се бранеа и својата шанса ја чекаа преку контранападите, а Челси ја имаше иницијативата и поседот на топката. Во таква игра, пресуден беше голот на Оливие Жиру во 71. минута. Французинот постигна фантастичен гол со ножички, кој првично не беше признат поради офсајд, но по прегледување на снимката, ВАР утврди дека се беше чисто.
Реванш натпреварите се закажани за 17. март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот