ВИДЕО l Додик: Ја повикувам Република Српска да се собере и да се брани

Фото: Профимедиа

 Милорад Додик од Сојузот на независните социјалдемократи објави видео на социјалните мрежи по повод одлуката на високиот претставник Валентин Инцко за забрана за негирање на геноцид и величење на злосторства.

На видеото, Милорад Додик, водачот на СНСД и претседател на Претседателството на БиХ, држи говор, а прикажани се и разни снимки. Една од снимките е големото српско знаме.

„Се плашам само од Бога и да не ги разочарам овие луѓе“, вели Додик. Меѓу другото, тој рече дека го негира геноцидот во Сребреница.

“Република Српска ќе каже ДОСТА! Ние ги отфрламе наметнатите закони, ако тие не ни дозволат да живееме како што сакаме во БиХ, ние го знаеме нашиот пат. СНСД е воден од волјата на народот, а волјата на народот е јасна – Република Српска пред сè! “ пишува на Твитер заедно со видеото.

„Ја повикувам целата РС да се собереме и да се браниме. Ова е клучен момент во кој, како нација, или ќе преживееме со РС и нашиот идентитет, или за кратко ќе ја изгубиме шансата да постоиме на овие простори  “, рече Додик во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот