ВИДЕО | Кремонезе ја шокираше и Рома за полуфинале во Купот на Италија

Рома и Жозе Мурињо доживеаа изненадувачка елиминација од Купот на Италија откако вечерва на домашен терен беа поразени од Кремонезе со 1:2.
„Волчицата“ важеше за голем фаворит пред почетокто на натпреварот, меѓутоа Кремонезе уште еднаш покажа дека му оди одлично сезонава во Купот на Италија. Овој тим претходно го елиминираше Наполи.
Мурињо излезе со комбиниран состав, но и во таков состав Рома го контролираше натпреварот во првите дваесетина минути. Сепак, кога Рома не ги искористи своите шанси Десерс од пенал го доведе Кремонезе во водство.
Во второто полувреме во игра кај Рома влегоа Дибала, Смолинг и Желински, а набрзо потоа следуваше нов шок за Рома. Челик ја погоди сопствената мрежа и Кремонезе дојде до 0:2. Создаваше Рома шанси, но искористи само една и тоа во 94. минута кога во листата на стрелци се запиша Белоти.
Кремонезе во полуфиналето ќе игра против Фиорентина, додека во второто полуфинале Интер го чека подобриот од утрешното дерби помеѓу Лацио и Јувентус.