ВИДЕО: „Кралевите“ играат шампионски, Бензема влезе во историјата на Реал Мадрид

Карим Бензема игра фантастичниот во „кралскиот“ дрес/Мадрид, Шпанија/8 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Фудбалерите на Реал Мадрид на домашен терен ја победија Валенсија со 4:1, во натпреварот од 20. коло во шпанското првенство.

Двојни стрелци беа Карим Бензема, во 43 минута од пенал и во 88 минута и Винисиус Јуниор, кој погоди во 52 и 61 минута.

Бензема постигна вкупно 301 гол за Реал и е четвртиот најдобар стрелец во историјата на клубот. Подобри се само Кристијано Роналдо со 450 гола, Раул со 323 и Алфредо ди Стефано со 308 гола.

Оваа сезона Французинот постигна 22 гола на 25 мечеви во сите натпреварувања и има 12 асистенции. Тој е првиот стрелец во „Ла Лига“ со 17 голови. „Кралскиот“ клуб има 15 победи и е прв на табелата со 49 бодови.

Валенсија го претрпе вториот последователен пораз, вкупно шести во првенството и се наоѓа на деветтото место на табелата со 28 бодови.

ВИДЕО: Барди со асистенција во првата победа на Леванте во „Ла Лига“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот