ВИДЕО: Барди со асистенција во првата победа на Леванте во „Ла Лига“

Енис Барди асистираше, а Роберто Солдадо стрелаше против Мајорка/Валенсија, Шпанија/8 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Дури во својот 20 натпревар во најсилната шпанска лига екипата на Леванте го запиша првиот триумф оваа сезона.

Денеска на домашен терен играчите предводени од тренерот Алесио Лици славеа против Мајорка со конечен резултат 2:0. Енис Барди беше стартер во редовите на домашната екипа, настапи до 85 минута кога беше заменет од Малса.

Мируваа мрежите во првото полувреме, а на стартот од вториот дел составот од Валенсија дојде во водство преку Солдадо, а прекрасна асистенција имаше македонскиот репрезентативец Барди. Во 68 минута гостите не реализираа пенал, односно непрецизен беше Оливан.

Во 82 минута Мајорка реализираше погодок, но истиот беше поништен поради играње со рака после прегледаната ВАР снимка. Само 60 секунди кај домаќините црвен картон доби Кампања кој беше надвор од теренот и имаше неспортски потег.

Во самиот финиш од средбата (90+6`) беше поставен конечниот епилог, за 2:0 се погрижи Моралес кој беше пронајден од Марти.

За Леванте ова е значаен триумф во борбата за опстанок, останува на последното 20 место со 11 бодови, веднаш зад Елче и Алавес кои имаат по 16, а претпоследниот Кадиз има 14. Токму Кадиз е следниот ривал на Леванте кој ќе се обиде да дојде до уште една важна победа во „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот