ВИДЕО: Коњ извлечен жив по цели три недели под урнатините во Турција

Фото: Твитер/принтскрин

Турските спасувачи по дури 21 ден од катастрофалниот земјотрес од 6 февруари, вчера извлекле жив коњ од под урнатините.

Животното веднаш било прегледано од ветеринари и било утврдено дека нема повреди, по што било вратено на среќниот сопственик.

Коњот бил заробен под урнатините на зграда која се урнала во земјотресот, на непристапен терен во Адијаман, едно од најпогодните места каде што сите патишта речиси беа отсечени.

Снимката од спасувањето на коњот ја објави турското Министерство за земјоделство и шумарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот