ВИДЕО | Кипријановска: Европското првентво е многу важно за женскиот ракомет во Македонија

Македонска ракометна репрезентативка, Јована Кипријановска/фото: РФМ

Јована Кипријановска игра со срце на теренот, со огромна желба и волја, а тоа веќе го докажува на терените. Десниот бек блеска на натпреварите со нејзините игри и погодоци.

Македонската репрезентативка од оваа сезона ги брани боите на францускиот клуб Ле Самбр Авенуа во чии бои, а претходно беше дел од ЖРК Куманово каде што исто така на одличен настап со своите голови беше меѓу најефикасните.

Таа е меѓу повиканите во сениорската репрезентација предводена од селекторот Љубомир Савевски за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора од 4 до 20 ноември.

Нашата селекција е во групата „Ц“ која ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, за ривали ги има репрезентациите на Франција, Холандија и Романија.

– За нас овој настап има преголемо значење бидејќи најпрво Македонија после многу години ќе биде на Европско првенство и тоа е многу важно за развивање на женскиот ракомет во нашата земја. Репрезентацијата е подмладена и за сите ракометарки оваа е многу значаен настан за напредување и стекнување на искуство кое ќе им користи на сите за понатамошните достигнувања – ни изјави Кипријановска.

Распоред на натпревари на ЕП 2022
Група „Ц“, СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје

5 ноември
18.00 часот Франција – Македонија
20.30 часот Холандија – Романија

7 ноември
18.00 часот Македонија – Холандија
20.30 часот Романија – Франција

9 ноември
18.00 часот Македонија – Романија
20.30 часот Франција – Холандија

Разговор со Љубомир Савевски пред ЕП: Штериова не сакаше да ризикува, најважно е да покажеме карактер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот