ВИДЕО | Јовановски: Го губиме чекорот во однос на реструктуирањето, нема заживување на економијата без капитални инвестиции

Традиционално кај нас податоците за БДП се објавуваат со големо задоцнување. Поинакво е со индустриското производство – се уште нема податок за март месец, но за првите два месеци индустрикското прозодство беше помало за речиси 13% проценти во однос на 2020, што значи дека неповолните движења продолжуваат и оваа година, бидејќи треба да имаме предвид дека пандемијата почна лани во март месец, изјави во Утрински брифинг Мирче Јовановски, новинар, економски аналитичар.

Кина е специфичен случај и јас не верувам дека било кој од економистите може да даде точна анализа како е можно земјата од каде што почна пандемијата, да остварува толку импресивни стапки на економски раст – незабележани во светската економија. За нас е побитно што се случува во Европа, особено во Германија, каде што најголем дел од извозот пласираме. Сведоци сме таму дека состојбите со локдаун продолжуваат. Очекувањата за нашата економија повеќе се врзани што се случува таму. Да дополнам за индустриското производство. Кај рударството има пад од 28,9%, преработувачката индустрија 11,2%, електричната енергија 2,2%, значи не е изолирано на една индустриска гранка. Значи индустриското производство се соочува со големи проблеми оваа година, вели Јовановски.

Од она што го знам и го слушам од медиумите, малите фирми не се задоволни од некои условувања кои што Владата ги поставува во однос на користењето на мерките. Па така јас не се согласувам во целост со ставот на дел од туристичко-угостителската комора. Јас не познавам држава каде што владата нешто дава без да очекува некакви резултати. Во однос на ограничените можности кои ги има државата во давање помош кон стопанство, со оглед дека јавниот долг е над 60% од БДП, условувањата на помошта со одредени елементи според мене е оправдано, особено што сега се дава можност дел од таа помош да се претвори во грант, ако се исполнат одредени услови, смета Јовановски.

Мислам дека го губиме чекорот во однос на реструктуирање на економија. Она што до сега се презема со досегашните пакети на економски мерки е повеќе гасење на пожар отколку што гледам некои структурни реформи.

-Капиталните инвестиции се болна точка. Нема заживување на економијата без капиталните инвестиции, особено што ако тие средства се резервирани и предвидени во буџетото. Преку ни в се гледа целокупниот капацитет на државата. Вчера беше промовирана инвестиција, што е добра вест, вели Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот