ВИДЕО: Јокиќ стана и најдобар скокач во историјата на Денвер нагетс

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Српскиот центар Никола Јокиќ стана кошаркар со најмногу скокови во историјата на Денвер нагетс.

Јокиќ во победата над Бруклин нетс (122:117) во НБА лигата имаше 11 скокови и стигна до 6,631 скок во својата кариера.

Така, го престигна Ден Ајсел кој во текот на својата професионална кариера застана на 6,630 скокови.

Потсетување дека од претходно Јокиќ стана и најдобар асистент на тимот од Колорадо престигнувајќи го Алекс Инглиш. Моментно има 4,220 асистенции, а никој не е ни блиску да дојде до 4,000. Само Инглиш и Фет Левер имаат над 3,000.

Сега Јокиќ ќе се обиде да биде и најдобар стрелец во историјата на Денвер, тука на вечната листа води Инглиш со 29,893 поени, пред Ајсел кој има 25,198, Кармело Ентони застана на 20,521, а на четвртото место е Јокиќ со 19,270 поени, пред Бајрон Бек (19,197) на петтата позиција.

НБА лига, резултати

Филаделфија – Торонто 121:111
Бруклин – Денвер 117:122
Хјустон – Далас 122:96
Мајами – Атланта 122:113
Голден Стејт – Вашингтон 129:118
Сакраменто – Феникс 120:105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот