ВИДЕО: Јокиќ најефикасен во победата на Денвер против Сан Антонио

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Денвер, предводени од одличниот Никола Јокиќ, против Сан Антонио со резултат 117:106 ја забележаа 47 победа оваа сезона во НБА лигата.

Нагетси стигнаа до првата позиција откако имаат триумф, но и натпревар повеќе од Оклахома.

Српскиот центар на Денвер Јокиќ беше најефикасен во својата екипа со 31 поен, со погодени 13 од 19 шутеви од игра, и сите четири од линијата за слободни фрлања. Запиша и седум скокови, пет асистенции и две блокади.

Го следеше Џамал Мареј кој оствари „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 10 скокови, а воедно додаде и осум асистенции и четири украдени топки во својата статистика.

На спротивната страна Џереми Сокан беше прв стрелец со 19 поени, додека Виктор Вембанјама имаше 17 поени (девет скокови). Спарси кои имаат биланс 14-53 се најлошиот тим во Западната конференција.

НБА лига, резултати

Шарлот – Феникс 96:107
Детроит – Мајами 95:108
Торонто – Орландо 103:113
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 112:104
Сан Антонио – Денвер 106:117
Јута – Атланта 124:122

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот