ВИДЕО | Иван Јерчиќ: Има смисла да се гледа и да се прави само театар што критички отвора прашања во општеството

Изминатата година со пандемијата е апсолутна изгубена година за театарот и во однос на програмата, плановите, идеите, пропаднаа многу гостувања, учества на фестивали, меѓународни соработки, копродукции, беше навистина фрустрирачки, вели Иван Јерчиќ, директорот на Народниот театар Битола, кој додава дека се надева дека оваа година ќе биде поплодна и дека ќе се успее да се освари барем дел од програмата.

„Засега насоките е да се прават помали претстави, со помали екипи, да се почитуваат сите здравствени протоколи кои ги добивме на крајот на летото и кои се однесуваат на сценскиот, задсценскиот простор и публиката. Големите светски театри, за жал, се’ уште се затворени. И во Германија, и во Британија, дури и во Франција театрите се затворени или се ориентирани на помали претстави, со помалку луѓе на сцената, монодрами или дуодрами. Некои театри во Србија и Хрватска се’ уште работат, но таму се вклучени и општините и министерствата за култура. Актерите и екипите кои работат се тестираат на неделно ниво, ние за жал не можеме да си го дозволиме тоа. Имавме едно такво масовно тестирање пред премиерата на „Коњите ги убиваат зар не?“, во режија на Мартин Кочовски која се случи онлајн, пред нова година. Колку и да се големи нашите амбиции и дејата да се испочитуваат сите протоколи и да се заштити здравјето на пред се’ на екипата, бидејќи кај публиката е полесно, ние немаме сила да го издржиме тоа да имаме тестирања барем на месечно ниво и засега ни преостанува да се прилагодуваме.

Со свои средства ја направивме претставата „Ноќта кога ја убив месечината“, а заедно со групата „Фолтин“ подготвуваме и перформанс по повод од 200 – годишнината од раѓањето на Достоевски. Се ориентираме на помалите претставиме и се’ уште не сме подготвени да го прикажуваме редовниот репертоар и да ги обновиме поголемите претстави“, вели Јерчиќ за Утрински брифинг.

Тој додава дека во програмата за 2021 се пренесени претставите од минатата година, како „Сомнително лице“ во режија на Деан Дамјановски, „Баал“ во режија на Васил Христов и други.

„Отсекогаш сум бил љубител на критичкиот театар и мислам дека единствено таков театар има смисла и да се прави и да се гледа. Тоа е и полтитички театар, кој чувството за одговорност ја префрла и на публиката и којшто не е само елементарна забава и во кој луѓето од претставата ќе излезат насмеани или тажни, туку претстави кои ќе ги натераат да размислуваат и ќе ги соочи со процесите во општеството, за нештата што ни се случуваат“, вели Јерчиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот