ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Јове Кекеновски: На нашите политичари, амбасадорите им се обраќаат како на мали деца

Проф. д-р Јове Кекеновски/ Фото: Слободен печат

Не паметам уште од 1991 година некој амбасадор да не ни укажувал како треба да се однесуваме, јас едноставно се иритирам од таквите постапки, ние не сме мали деца да не знаеме како треба да се управува државата, но очигледно политичките лидери и неко што досега беа на власт тоа го дозволуваат заради своите лукративни причини, дозволуваат да им се мешаат во внатрешните работи па дури и да им се однесуваат како на мали деца и да им кажуваат како работат – вели професорот Јове Кекеновски, што беше негова реакција на изјавите на германската и американската амбасадорка, кои една по друга на нашите политичари им препорачаа во Уставот на Македонија да ги вметнат и Бугарите.

Во студиото на Утрински печат, Кекеновски посочи и дека дел од советите на странските партнери се благородни и треба да се прифатат. Сепак, тој смета дека кога се во прашање припадниците на бугарското малцинство во Македонија, тогаш треба да се има реципротитет, односно да се почитуваат малцинските права на Македонците во Бугарија.

– За мене недозволива двојната игра и двојната политика на Европската Унија во однос на Република Бугарија, бидејќи имате 15 или 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права имате сијасет на конвенции за почитување на малцински права, а ништо од тоа не се спороведува во Бугарија. Тие велат имаме друг Устав не признаваме малцинства, меѓутоа ти не можат да не ја признаваат реалноста на едно сериозно етничко малцинство кое треба да ги ужива сите права – вели професорот.

Тој не е сигурен дека во Македонија ќе има предвремени избори, иако опозицијата тоа постојано го бара, а смета дека се безуспешни и обидите за обезбедување на ново парламентарно мнозинство. Кекеновски вели дека е нереално кога владејачките партии се соочуваат со низок рејтинг, тие да се согласат на предвремени избори.

Целото интервју со професорот Јове Кекеновски можете да го проследите на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот