Припадниците на полицијата од Сараевскиот кантон сè уште трагаат по лицето кое синоќа рани три лица со огнено оружје во Башчаршија.
Во вторникот, на 15 декември, во 18:10 часот, дежурната служба на Првата полициска управа била известена дека во ул. Ферхадија, областа на општина Стари Град, Сараево некој пукал од оружје.
Pucnjava u Ferhadiji, ranjene dvije osobe pic.twitter.com/F37bnTjSgX
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) December 15, 2020
Напаѓачот беше облечен во костум на Дедо Мраз, тврдат соговорниците на босанскиот портал Кликс.ба.
По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници ги потврдиле наводите од пријавата и утврдиле дека непознато лице употребило огнено оружје – пиштол и дека се повредени три лица – А.И. роден 1983 година, М.Б. роден 1991 година и М.С. роден 1993 година, сите од Сараево.
UZNEMIRUJUĆI VIDEO / Pucnjava u centru Sarajeva pic.twitter.com/S7IygTkhbw
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) December 15, 2020
За време на оперативната работа на терен, полициските службеници утврдиле дека огненото оружје го користел Ј.Х. од Сараево, а по него е поведена потрага под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност и кривично дело лесна телесна повреда.
Полициските службеници продолжуваат да работат на документирање на споменатите кривични дела, и пронаоѓање на сторителот, соопшти Министерството за внатрешни работи на КС.