ВИДЕО | Хајдук го потврди враќањето на Перишиќ: Дојде време!

Фото: hajduk.hr

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ и официјално е нов фудбалер на Хајдук.

Перишиќ дресот на Хајдук го носеше до 2006 година кога ја започна интернационалната кариера потпишувајќи за Сошо. По епизодата во франција го носеше дресот на Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем од каде што се враќа во Сплит.

Сезонава Перишиќ нема настап за Тотенхем поради повредата од која се уште се опоравува и неговото второ деби за Хајдук се очекува во април.

Инаку, Хајдук сезонава е во битка за титулата во Хрватска на која чека уште од 2005 година. Секако со настапите за Хајдук Перишиќ ќе се обиде да се наметне и во репрезентацијата за Европското првенство кое наредното лето ќе се одржи во Германија.

Во Хајдук Перишиќ ќе биде соиграч и со македонскиот напаѓач, Александар Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот