ВИДЕО | Грин жестоко критикуван: Со боречки зафат можеше да му ја заврши сезоната на Јокиќ

Фото: Screenshot/Twitter

Денвер изминатата вечер во НБА лигата славеше победа против Голден Стејт Вориорс со 123:128, а најзаслужен за овој триумф беше Никола Јокиќ, кој постигна трипл-дабл.

Меѓутоа Јокиќ во центарот на вниманието беше и во еден друг момент. Драјмонд Грин во немоќ да го запре српскиот кошаркар со целата своја тежина легна на ногата на Јокиќ и ова беше голема опасност од сериозна повреда за Јокиќ.

Јокиќ имаше среќа, па не се случи ништо сериозно. Меѓутоа најголем дел од коментарите на социјалните мрежи се жестоки критики за Грин и пораки дека малку фалело на актуелниот МВП во НБА лигата да му биде завршена сезоната.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот