ВИДЕО | Гратиниран компир по рецептот на Џејми Оливер, вкусот ќе ве изненади

Фото: AdamsBest / Flickr

Јадењето потекнува од Франција и се состои од тенко исечени компири приготвени во мала количина павлака и лук, со додаток на морско оревче.

Британскиот готвач Џејми Оливер го сподели својот едноставен рецепт што се топи во устата, а она што го прави уште подобар е тоа што се потребни само 30 минути за негово приготвување, пренесува „Мирор“.

„Ќе го направам највкусниот, прекрасен компир. Кремаст, се топи во уста, апсолутно прекрасен. Нормално, потребни се неколку часови да се готви, но начинот на кој јас ќе го приготвам, ќе биде неверојатен и многу побрз“, порачува Оливер.

Состојки:

– 1 кромид
– 1 килограм компири
– 1 цело морско оревче, за рендање
– 2 чешниња лук
– 300 мл павлака за готвење
– 75 г пармезан
– 2 свежи ловорови листови
– ½ китка свеж рузмарин, мајчина душица и жалфија (10 г)
– прстофат морска сол и црн пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. За да ги подготвите состојките, излупете го и преполовете го кромидот, а компирите измијте ги и исечкајте ги на тенки парчиња. Ставете ги компирите и кромидот во голема тава за печење и зачинете со прстофат морска сол и црн пипер.
Потоа, изрендајте малку морско оревче и здробете неизлупени чешниња лук пред да ја сипете павлаката за готвење.

Сега ситно изрендајте го пармезанот. Додајте ловоров лист, билки и две лажици маслиново масло. Измешајте сè и ставете го во рерна. Во садот сипете 300 мл врела вода, добро покријте со фолија и оставете на оган пет минути. Отстранете ја фолијата и одозгора ситно изрендајте пармезан. Останатите гранчиња мајчина душица намачкајте ги со масло, посипете ги одозгора и ставете ги во рерната на горната полица да се печат 30 минути или додека не поруменат и убаво се потпечат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот