ВИДЕО+ ФОТО: „Неприфатливо е да не затворите на овој начин“- Угостителите во Црна Горан излегоа на протест

epa08802645 Owners of restaurants, bars and various businesses affected by the measures to contain the Coronavirus Covid-19 pandemic in the decree issued by the Montenegrin government, gather to protest in Independence Square, Podgorica, Montenegro, 06 November 2020. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

По зголемувањето на бројот на заразени лица, ИЈЗ објави дека училиштата и рестораните во Подгорица, Будва, Улцињ и Цетиње ќе бидат затворени од 6 ноември на полноќ и дека мерката ќе трае најмалку 14 дена, пренесува „Вјести.ме“.

Стотици угостители и вработени во угостителската индустрија протестираа во Подгорица против најавата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за затворање на угостителските објекти во Подгорица, Будва, Улцињ и Цетиње кој ќе започне од петок (вечерва) на полноќ.

Протест на угостителите во Подгорица, Црна Гора/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Собирот започна со аплауз за здравствените работници, по што претставникот на Здружението на угостители на Црна Гора, Никола Буздован, рече дека не се работи за угостители кои работат за здравствените работници, туку дека тие се нивни сојузници.

Протест на угостителите во Подгорица, Црна Гора/ФОТО: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

-Ние се придржуваме, барем сите членови на нашето здружение, кон сите мерки-рече Буздован.

Бидејќи имаше повеќе учесници на собирот отколку што беше дозволено со важечките мерки, тој посочи дека сите на Плоштадот на независноста во Подгорица да држат дистанца и да носат маски.

-Угостителството е составен дел од секој државен систем и за нас е неприфатливо на овој начин да бидеме затворени. Ниту еден деловен субјект не може да ја дочека Новата година ако само не затворите. Ја затворивме Будва, сите отидоа на Тиват. Будва економски пропаѓа, Тиват е заразен- рече тој.

Протест на угостителите во Подгорица, Црна Гора/ФOTO/EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Тој додаде дека угостителите се подготвени да ги почитуваат сите „рационални и мерки кои имаат ефект“.

-Но, овој предлог не е рационален, ќе заразиме и други општини- рече Буздован.

Извор: Vjesti.me

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот