ВИДЕО+ФОТО I Навални објави фотографии од наводната луксузна резиденција на Путин, Кремљ тврди дека ова е апсурдно

 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен во неделата по пристигнувањето од Берлин, тврди дека шефот на државата Владимир Путин има своја резиденција на Црно Море со терен за хокеј, кино сала, стриптиз клуб, казино и подземна црква.

Навални во виео и специјално дизајнирана веб страна palace.navalny.com , тврди дека изградбата на резиденцијата чинела една милијарда евра и се наоѓа на површина од 7.000 хектари.

Фото: palace.navalny.com

Дејли мејл пренесе дека рускиот опозиционер ги поставил фотографиите на интернет страната два часа пред да биде уапсен.

Фото: palace.navalny.com

Тој во поглавјето број три о детално објаснува и од каде е сето ова богатство. Меѓу другото, тој твдрди дека Путин бил во можност да им даде на своите моќни стари пријатели високи позиции во профитабилни владини проекти и да го скрие своето богатство преку неговите сојузници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „извештаите и фотографиите за наводната луксузна палата на претседателот Владимир Путин се апсурдни”.

– Постојат некои необични бројки на крајот од овој чудесен извештај, како и барање да се испратат пари. Веројатно тоа е главната цел на овие објави и лажни истраги, нагласи Песков.

Фото: palace.navalny.com

– Долго време бевме свесни за нападите врз шефот на државата, тоа се случувало и во минатото, за жал ќе се случува и во иднина. Рускиот претседател е обвинет за работи кои не ги поседува, тој секоја година го пријавува својот имот и информациите и се достапни на јавноста, заклучи портпаролот на Кремљ.

Фото: palace.navalny.com

На 2 февруари, судот ќе започне да разгледува дали условната казна од три години и шест месеци што ја доби Навални во 2014 година за обвиненија за измама, треба да се претвори во затворско време.

Фото: palace.navalny.com
Фото: palace.navalny.com
Фото: palace.navalny.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот