ВИДЕО: Финалето во турскиот Суперкуп прекинато после 50 секунди

фото: EPA-EFE/STR

Финалниот натпревар од Суперкупот на Турција помеѓу фудбалерите Фенербахче и Галатасарај беше прекинат по 50 секунди откако тимот на Фенер во тој момент го напушти теренот.

Како што беше претходно најавено, Фенербахче излезе на терен со јуниорскиот тим, во знак на протест против одлуките на Фудбалската федерација на Турција по инцидентот во кој беа нападнати фудбалерите на овој клуб на гостувањето против Трабзон.

Раководството на Фенер побара овој дуел да се одложи, како и да го судат арбитри од странство.

Бидејќи овие барања не беа исполнети, клубот од Истанбул на терен го изнесе јуниорскиот тим кој најпрвин им дозволи на фудбалерите на Галатасарај да постигнат гол, а потоа го напуштија теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот