ВИДЕО: Феникс руши рекорди во НБА лигата

Феникс реди победи во НБА лигата/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кошаркарите на Феникс санс со 121:111 го совладаа Бруклин нетс и ја запишаа 11. Победа по ред во регуларниот дел од НБА лигата. „Сонцата“ се најдобра екипа во лигата со скор од 41 победа и само девет порази и ова е најдобар резултат во историјата на клубот по 50 одиграни натпревари, додека по втор пат имаат двоцифрен број на победи по ред. Претходно од 30 октомври до 2 декември, „сонцата“ остварија дури 18 победи по ред.

Во победата над Бруклин, најдобри кај Феникс беа Девин Букер со 35 поени, Мајкл Бриџис со 27 поени и Крис Пол со 20 поени и 14 асистенции.

Во победничка серија се наоѓа и Голден Стејт вориорс кој против Сан Антнонио го забележа седмиот триумф во низа. „Воините“ славеа со 124:120 благодарение на тројката на Џордан Пул на 17.9 секунди до крајот на натпреварот иако во третата четвртина имаа негатива од 17 поени (104:87). Токму Пул со 31 постигнат поен беше најпрецизен играч на натпреварот на кој не настапија Кари, Томпсон, Грин, Вигинс и Бјелица.


Чикаго булс предводен од Демар Дерозан и неговите 29 поени и 10 скокови го совлада Орландо меџик со 126:115 и ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари.


Резултати:
Детроит – Њу Орлеанс 101:111
Милвоки – Вашингтон 112:98
Торонто – Мајами 110:106
Чикаго – Орландо 126:115
Минесота – Денвер 130:115
Сан Антонио – Голден Стејт 120:124
Феникс – Бруклин 121:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот