ВИДЕО | Феликс потпиша: Челзи е еден од најдобрите клубови во светот

Фото: Chelsea FC

Како и што се најавуваше, денес официјално беше потврдена позајмицата на Жоао Феликс во редовите на Челзи.

Феликс пред да дојде во Челзи потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, а за позајмицата „сините“ на „јорганџиите“ ќе им исплатат 11 милиони евра.

„Челзи е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум и возбуден што ќе играм на „Стенфрод Бриџ““, изјави Феликс по претставувањето.

Во договорот помеѓу Атлетико Мадрид и Челзи нема опција за откуп, па така се очекува по завршувањето на сезоната Португалецот да се врати во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот