ВИДЕО: Европа ќе добие нов шампион, Реал Мадрид на пенали го елиминираше Манчестер сити

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

По нерешените 3:3 на „Сантјаго Бернабеу“, на возвраниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите составот на Реал Мадрид на гости по пенал серијата го елиминираше Манчестер сити за пласман во следната фаза.

Така, Европа ќе добие нов првак, Манчестер сити ја бранеше титулата од минатата натпреварувачка сезона.

На стадионот „Етихад“ по регуларните 90 минути беше 1:1, по првото полувреме водеа „кралевите“ со голот на Родриго во 12 минута.

Во текот на вториот дел „граѓаните“ успеаја да израмнат преку Де Брујне во 76 минута од средбата.

Немаше погодоци во двете продолженија, па патникот во полуфиналето го дознавме по ударите од белата точка во кои Реал беше подобар со 4:3.

Во редовите на Манчестер сити непрецизни беа Силва и Ковачиќ, а на спротивната страна единствено Модриќ не го најде патот до противничката мрежа.

ВИДЕО: Баерн е полуфиналист во ЛШ, херој на баварскиот гигант е Џошуа Кимих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот