ВИДЕО: Баерн е полуфиналист во ЛШ, херој на баварскиот гигант е Џошуа Кимих

Џошуа Кимих („Баерн Минхен“)/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

По нерешените 2:2 во првиот натпревар од четвртфиналето во фудбалската Лига на шампионите, на реваншот одигран во Минхен играчите на Баерн славеа со 1:0 против Арсенал.

Решавачкиот гол го постигна Џошуа Кимих во 63 минута, а фудбалерите на тренерот Томас Тухел се пласираа понатаму со вкупни 3:2.

Акцијата беше по десната страна каде што беше Сане, тој го префрли целиот шеснаесетник и ја испрати топката на левата страна каде беше Гереиро, кој упати перфектен центаршут за Кимих. Останатото е историја, одличен удар со глава за 1:0.

Сане имаше шанса само две минути подоцна, Арсенал беше во голем пад во играта и му требаше освежување од клупата. Веднаш наместо Мартинели и Жоржињо влегоа Тросар и Хесус.

Сепак Баерн и натаму беше поблиску до противничкиот гол, но немаше повеќе возбудувања, па резултатот не се менуваше до самиот крај на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот