ВИДЕО | Елмас одигра 75 минути, Интер славеше во дербито со Наполи

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Tимот на Интер со 3-0 го победи Наполи на „Диего Марадона“ и така се врати на врвот од Серија А.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас беше стартер на дербито и имаше две шанси во првото полувреме, но не успеа да реализира. На теренот, Елмас беше до 75. минута.

Интер поведе со гол на Чалханоглу пред самиот крај на првото полувреме.

Во 61. минута Барела со одличен погодок зголеми на 2-0, а точка на мечот стави Турам на пет минути пред крајот.

Интер по 14 кола е прв на табелата со 35 бодови, Наполи има 24 бода, исто колку и Рома, но наполитанците имаат послаба гол разлика и се на петтата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот