ВИДЕО: ЕХФ му го честиташе роденденот на Кирил Лазаров

кирил лазаров
Кирил Лазаров ја одведе Македонија и на Европското првенство во Словачка и Унгарија 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска репрезентативецот и воедно селектор на македонската сениорска репрезентација го слави 41 роденден…

Кирил Лазаров има богата клупска кариера со многу трофеи и со чести настапи на големите натпреварувања со националната селекција, а тој континуитет ќе продолжи и на почетокот од следната година на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Нашиот десен бек неодамна после завршувањето на евроквалификациите изјави дека уште една година ќе биде дел од францускиот клуб Нант.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на свој начин му го честиташе роденденот:

– Среќен 41 роденден Кирил Лазаров. И погодете што? Македонскиот селектор-играч ќе биде присутен следниот јануари на Европското првенство 2022 – напиша ЕХФ на Фејсбук.

На видео записот е победничкиот гол на Лазаров во последните секунди против Украина на ланското ЕП во Виена, Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот