ВИДЕО | Дрејк го прослави Денот на албанската независност во новиот видеоспот

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Денот на независноста на Албанците беше пред два дена, но Дрејк не мисли дека е доцна да се придружи на прославата. Во средата, канадскиот рапер го сподели музичкото видео за „Поларни спротивности“ (Polar Opposites), завршниот сингл на неговиот последен албум „For All the Dogs“, на кој се појавува група Албанци кои се дружат во неговата резиденција, пишува музичкиот магазин „Ролинг стоун“.

Во видеото, Дрејк и неговите пријатели носат исти црвени јакни, сите со националниот и етничкиот симбол на Албанија – орелот – прикажан на нивниот грб.

Помеѓу сцените од покер игрите и снимките на масата за билјард, Дрејк жали за љубовницата која го блокирала на секоја платформа што би можел да ја користи за да воспостави контакт.

„Биполарното бебе, изгледа како да остана недијагностицирано/Ме блокираше на сè, тоа е толку незрело, толку неиспровоцирано/ не знам ни зошто“, вели тој во песната.

Видеото „Поларни спротивности“ го следи објавувањето на „Scary Hours 3“, продолжено луксузно издание на кое додаде шест нови песни на листата со 23 песни од албумот „For All the Dogs“. Меѓу новите синглови беше „Evil Ways“, втората соработка на албумот со Џеј Кол, кој неодамна го постигна својот прв број еден сингл на Билборд хот 100 (Billboard’s Hot 100) со своето прво појавување, „First Person Shooter“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот