ВИДЕО: Доријан Бабунски стрелаше во победата на Дебрецен

фото: instagram.com/dvscofficial

Во рамките од деветтото коло во најсилното унгарско првенство составот на Дебрецен дома со 4:3 успеа да го совлада Хонвед.

Првиот гол на домаќините за водство на овој меч од 1:0 го реализираше македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски во 15 минута. Голот можете да го погледнете ТУКА

Нашиот играч настапи до 59 минута кога беше заменет од нигерискиот интернационалец Питер Олавале.

За Бабунски ова е трет погодок сезонава, претходно стрелаше во победата над Фехервар (1:0) и во ремито со Вашаш (1:1).

После вториот триумф во шампионатот Дебрецен е на седмото место со 10 бодови, осум помалку зад водечкиот Ференцварош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот