ВИДЕО: Дончиќ со трипл-дабл ги реши Лејкерси

Лука Дончиќ ги надигра Лејкерси/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Далас маверикс со 128:110 славеше над ЛА Лејкер, благодарение на одличната игра на Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл. Бекот на Далас натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скокови и 12 асистенции.

Дилемите околу победникот беа решени по првата четвртина која Далас ја доби со 43:25 по што до крајот на натпреварот рутински ја одржуваше предноста.


Со поразот, Лејкерси паднаа на 11 место во Западната конференција со скор 31-44 колку што има Сан Антонио, додека Далас е четврти со 47-29.

Чикаго со 107:94 го победи Вашингтон  и ја продолжи трката за што подобра позиција во Источната конференција. Одлична партија прикажа Демар Дерозан кој даде 32 поени, од кои 14 постигна во последната четвртина.


ЛА Клиперс успеа да се врати од негатива од 24 поени која ја имаше во третата четвртина и да слави над Јута џез со 121:115. Предводник на Клиперси беше Пол Џорџ кој се врати по повредата и постигна 34 поени. На спротивната страна, најдобар беше Донован Мичел со 33 постигнати поени.


Во дербито на Источната конференција, Милвоки бакс со 118:116 ја совлада Филаделфија сиксерс и тоа благодарение на Јанис Адетокумпо.
Адетокумпо постигна 40 поени и го изблокира шутот на Џоел Ембид во последните моменти од натпревари.


Резултати:
Филаделфија – Милвоки 116:118
Вашингтон – Чикаго 94:107
Бруклин – Детроит 130:123
Далас – ЛА Лејкерс 128:110
ЛА Клиперс – Јута 121:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот