ВИДЕО | Додека кон некои се фрлаат мобилни: Познатиот рапер доби необичен подарок со бизарна порака од публиката

Фото: Инстаграм/ ТикТок

Во последните неколку месеци, бројни странски ѕвезди беа погодувани со разни предмети на нивните настапи, и тоа поради еден бизарен тренд на кој се чини дека нема крај.

Една од најпознатите случки беше онаа кога маж од публиката со мобилен телефон ја удри пејачката Бебе Реџа во глава, поради што се здоби со повреда. Меѓу останатите познати личности, жртва на овој бизарен тренд беа и Хари Стајлс и Тејлор Свифт.

Но, познатиот рапер Дрејк на последниот негов настап, помина многу подобро. Имено раперот и обожавателите на неговиот концерт на 16 август во Лос Анџелес, добро се изнасмеаа кога неговиот татко Денис Греам реши да се пошегува со него, пишува „Дејли мејл“.

Додека беше на сцената, 36-годишниот рапер – кој на овој настап ѝ подари на една обожавателка луксузна чанта „Биркин“,  доби неверојатно масивен, розов градник.

@bootyguzzler biggest bra ive ever seen 😭 #drake #itsallablurtour #draketour #kiaforum #losangeles #la #concert ♬ original sound – Harley

Не е тајна дека Дрејк доби еден куп градници за време на неговата турнеја, но овој  што прелета на сцената, е убедливо најголемиот досега.

Во огромниот градник се криела порака, која пејачот не сакал да ја прочита на глас, меѓутоа откако дознал дека тоа е подарок од неговиот татко, одлучил да ја сподели со публиката.

„Тато сака големи нешта за тебе. Те сакам и сакам да се погрижам правилно да си доен“, гласела пораката.

Раперот изреагирал викајќи: „Што не е во ред со овој човек?“.

Греам го порачал овој специјално направен градник од дизајнерката Зоба Мартин од Торонто, која подоцна го споделила креативниот процес на својот Инстаграм профил.

ФОТО | Заедно заминале од забава: Шакира и Дрејк ги поттикнаа гласините дека се во врска

Дрејк го купил прстенот на Тупак Шакур вреден 1 милион долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот