ВИДЕО: Денвер води со 2:0 против Лејкерс, чудесниот Јокиќ ги руши сите можни рекорди

фото: EPA-EFE/BOB PEARSON

Кошаркарите на Денвер го совладаа Лос Анџелес лејкерс (108:103) и сега имаат водство од 2:0 во финалето на Западната конференција.

Најефикасен во редовите на Нагетси беше Канаѓанецот Џамал Мареј кој реализираше 37 поени, 10 скока и пет асистенции.

Одлична партија имаше и неговиот соиграч Никола Јокиќ кој повторно запиша „хет-трик“ од 23 поени, 17 скока и 12 асистенции. Српскиот центар на Денвер, Јокиќ во овој плеј-оф дури седумпати до сега доаѓа до „трипл-дабл“, а остатокот НБА лигата тоа го направи „само“ трипати.

Со вкупно 13 „трипл-дабл“ ефекти Јокиќ го престигна Расел Вестбрук, сега е трет зад Меџик Џонсон и Леброн Џејмс. Воедно Јокиќ е единствениот во историјата на кошарката кој во два меча по ред во плеј-офот имаше повеќе од 55 поени, 35 скока и 20 асистенции.

Се наоѓа и во серија од шест натпревари во низа од 20+ поени и 10+ асистенции, биланс до кој тешко доаѓаат и бековите. Севкупно билансот на Јокиќ во последните 10 плеј-оф натпревари е навистина неверојатен.

На спротивната страна за „езерџиите“ Леброн Џејмс дојде до учинок од 22 поени, девет скока и 10 систенции, а и Остин Ривс исто така запиша 22 поени со пет асистенции. Јапонецот Руи Хачимура оствари 21 кош, следен од Ентони Дејвис (18 поени, 14 скока).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот