ВИДЕО | Далас и Голден Стејт победуваат и без Дончиќ и Кари

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари во кои не видовме преголеми изненадувања.

Без првите ѕвезди во тимот победи забележаа Голден Стејт и Далас. Актуелниот шампион беше убедлив против Оклахома со 141:114. Клеј Томпсон одигра одличен натпревар и постигна 42 поени со што го надополни отсуството на Стеф Кари. За издвојување е и настапот на Пул кој стигна до дабл-дабл од 21 поен и 12 асистенции. Најдобар кај гостите беше Гилџус Александар со 20 постигнати поени.

Без Лука Дончиќ Далас ја победи Јута со 111:124. Отсуството на Словенецот го надополнија Џош Грин и Џејден Харди кои постигнаа по 29 поени.

За издвојување од вечерта пред натпреварот помеѓу Клиперс и Бруклин кој заврши со победа на домаќините од 124:116 Бруклин го потврди трејдот на Кајри Ирвинг и Маркиф Морис во Далас за Спенсер Динвиди и Доријан Фини-Смит. Бруклин добива и неколку пикови од првиот и вториот круг на претстојните драфтови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Бостон 99:111, Вашингтон – Кливленд 91:114. Бруклин – ЛА Клиперс 116:124, Чикаго – Сан Антонио 128:104, Хјустон – Сакраменто 120:140, Јута – Далас 111:124, Голден Стејт – Оклахома 141:114, Портланд – Милвоки 108:127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот