ВИДЕО | Д-р Димова: Вакцината која не е безбедна треба да се модифицира или комплетно да се повлече

Секојдневно ги следам извештаите и ревизиите на случаите кај што се појавуваат несакани ефекти кај вакцините и ставот е дека се уште бенефитот од вакцината ги надминува несаканите ефекти, изјави во Утрински брифинг д-р Александра Димова.

-Несаканите појави се појава на тромб, што претставува сериозен момент. Она што е утврдено е дека оваа компликација се јавува кај женската популација на возраст под 55 години. Ова треба да се има во предвид и понатака да се истражува во таа насока. Се ова е ново и се уште е во развој и верувам дека доколку вакцината не е безбедна комплетно ќе се повлече или ќе се модифицира за да нема вакви несакани ефекти, смета д-р Димова.

Политика секогаш имало, политика и фармација секогаш биле измешани, но се работи за светска пандемија и мислам дека овде се надминува „моментот“ политика. За ковид сертификатот прво се исклучуваа руската и кинеската вакцина, но ете најверојатно и тоа сега ќе се ревидира, вели д-р Димова.

-Она што треба да се нарави пред вакцинирањето е да се види дали во моментот има некаво актуелно случување поврзано со ковид инфекција, да се види колкав број на анти тела се створени како би се увидело дали воопшто во тој момент е погоден за вакцинација. Во однос на можните компликации поврзани со АстраЗенека, луѓе кои имале до сега докажано заболување на крвта, секако не би биле кандидати за таа вакцина, додава Д-р Димова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот