ВИДЕО: Црвена звезда подобра од Жалгирис во Евролигата, Олимпијакос го понижи Фенербахче

Момент од евролигашкиот меч Црвена звезда - Жалгирис во Белград, Србија/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда во Белград го победија Жалгирис со 77:73 (14:22, 22:15, 20:21, 21:15), во натпреварот од 13 коло на Евролигата. Лука Вилдоза со 27 поени и Немања Недовиќ со 21 кош беа најдобри стрелци за српската екипа.

Кај Литванците се истакнаа Кенан Еванс со 18 поени и Кеваријус Хејс и Едгарас Улановас со по 14 поени.

Кошаркарите на Олимпијакос вечерва на свој терен убедливо беа подобри од Фенербахче со резултат 94:67.

Саша Везенков со 21 поен го предводеше грчкиот состав до победата. Најдобар за Турците беше Карсен Едвардс со 13 поени.

Во останатите мечеви: Асвел – Партизан 91:87, Армани – Макаби 71:77, Валенсија – Панатинаикос 94:91 и Баерн – Реал Мадрид 64:68.

Табела: Фенербахче 10-3, Монако 9-3, Олимпијакос 9-4, Реал Мадрид 9-4, Барселона 8-4, Анадолу Ефес 7-5, Баскониа 7-5, Макаби Тел Авив 7-6…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот