ВИДЕО: Челси во финишот до победата над Кристал палас, „еден во два“ на Гудисон Парк

Бернардо Силва („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Челси на домашен терен го совладаа Кристал палас со 2:1 во натпреварот од 19 коло во Премиер лигата.

Стрелци на головите за лондонските „сини“ беа Мудрик во 13 и Мадуеке во 88 минута од пенал. На спротивната страна единствениот гол за гостите го реализираше Олисе пред крајот на првото полувреме (45+1`).

Челси ја забележа седмата победа сезонава и со 25 бодови е на 10 место на табелата, додека Кристал палас е на 15 позиција со 18 бодови.

Манчестер сити со 3:1 славеше на гостувањето кај Евертон на „Гудисон Парк“ стадионот, иако домаќините по првиот дел водеа со голот на Харисон во 29 минута. „Граѓаните“ најпрвин израмнија во 53 минута преку Фоден, па за 2:1 се погрижи Алварез од пенал во 64 минута, а конечниот епилог го постави Силва во 86 минута.

Манчестер сити е на четвртата позиција во генералниот пласман со 37 бодови, додека Евертон кој го претрпе деветтиот пораз, втор по ред, се наоѓа на 17 место со 16 бодови.

Се одигра уште еден меч, Вулверхемптон со 4:1 го надигра Брентфорд. Вулверхемптон после седмата победа е на 11 место со 25 бодови, додека Брентфорд е на 14 место со 19 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот