ВИДЕО: Боинг 777 од 200 тони едвај слета на „Хитроу“ од силната бура што ја погоди Велика Британија

фото: youtube, Боинг 777

Бурата Герит, што ја погоди Велика Британија во средата, на моменти практично го оневозможуваше слетувањето на пистата на аеродромот Хитроу (LHR) во Лондон.

И во другите делови на Велика Британија оваа катастрофа предизвика големи проблеми, а Шкотска беше најпогодена од невремето.

Обилните снежни врнежи, поплавите и силните ветрови им се заканија на луѓето и имотот во Северен и Источен Јоркшир, Камбија и Мидлендс, пишува Гардијан.

Колку биле силни ударите веројатно најдобро се гледа од видеото кое го направил Џери Даер, сопственикот на ТВ каналот Биг Џет, кој постојано емитува полетувања и слетувања од британските аеродроми, пренесува Би-Би-Си.

Пилотот на Боинг 777 на Американ Ерлајнс покажал голема умешност при слетувањето, а многу луѓе го коментираа видеото кое веднаш стана вирално.

За време на вистинското слетување, Даер возбудено ја коментира борбата на пилотот на авионот со бурата.

Невремето денеска се намали, но се очекува Лондон повторно да се соочи со невремето во текот на последниот викенд од годината.

Боингот 777 на оваа американска компанија, регистарски број N727AN, произведен во 2014 година под серискиот број 33541, од самиот почеток лета во флотата на Американ Ерлајнс.

Интересно е што на 9 октомври 2017 година токму овој авион имаше инцидент – овој пат во Хонг Конг, кога системот за товарење контејнери се расипа и потоа се запали на самиот аеродром во Хонг Конг (HKG). Во инцидентот немало повредени или жртви.

И при вчерашното „напорно слетување“ на авионот немало повредени, јавуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот