ВИДЕО | Битиќи: Струјата до Нова година нема да расте, високите цени на становите се можеби поради картелско однесување

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Цените растат, кај граѓаните се јавува нервоза, НБРСМ вели дека инфлацијата е под контрола иако се смета дека е поголема од проектираната.

-Мислам дека изјавата дека граѓаните не треба да се грижат за растот на цените беше дадена во друг контекст извадена парцијално. Јас тогаш споменав и за нивото на инфлација, растот на платите и низа други мерки кои владата ги има предвид да ги спроведе во наредниот период. Имајќи го сето тоа предвид изјавив дека граѓаните не треба да се грижат за растот на цените бидејќи државата е тука да креира мерки за да помогне, вели Фатмир Битиќи.

-Инфлацијата е во рамки на проектираното 2,7%, во Германија е поголема, но животниот стандард е различен. Владата може да придонесе за зголемување со стандардот со зголемувања на патите. Има подобрувања, но ние сакаме побрзо, ама таква е состојбата во нашата држава, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за Утрински брифинг.

Тој се прашува зошто некој дозволил 30 години да се случува тоа што се случувавше за денес да бидеме во ова состојба. Битиќи вели дека има простор за зголемување на минималната плата но по изборите ќе се зборува за стратегиите да се постигне тоа.

-Не можеме да се бориме против глобалните трендови ако не знаеме која е нашата позиција, вели Битиќи за Утрински брифинг.

Периодот на ковид и економската криза за разлика од други земји многу подобро ја поминавме, со оглед дека ваква криза од вакви размери не сме виделе и секако дека има и последици, вели Битиќи. Тој додава дека е точно оти очекувањата на сите нас се поголеми дека стапката на животниот раст побрзо ќе се движи. Но, последните податоци се фантастични, ние во моментов немаме потреба од задолжувања, вели за УБ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Повеќе погледнете во видеото

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот