ВИДЕО | Биљали – Зендели: Еднаквоста меѓу мажите и жените започнува од домашното восптитување

Застрашувачките бројки во корист на мажите, а на штета на жените, на многу полиња, било тоа да се имотни-правни, социјални, трговија со луѓе, се поразителни, вели пратеничката од редовите на ДУИ Арта Биљали Зендели, која е член на собраниската Комисија за еднакви можност на жените и мажите.

На јавна расправа во Комисијата е Годишниот извештајот за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2019 година. За да се стигне до еднаквост во правата меѓу мажите и жените, пратеничката Биљали – Зендели смета дека најпрво треба да се подигне јавната свест за препознавање на различни форми на насилство врз жените, но пред се тоа започнува дома, од домашното воспитување на децата, па да продолжи се до зајакнување на капацитетите на институциите во постапувањето за заштита на жените жртви.

Спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост е преземена обврска со пристапувањето кон Конвенцијата на ООН за елиминација на сите форми на дискриминација на жената како и придонес кон исполнувањето на политичките критериуми за членство во ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот