ВИДЕО: „Библиско невреме“ на Хвар, град го столчи хрватскиот остров

Фото: Твитер

Силно невреме со ветер и обилни врнежи од дожд и град го зафати денеска централниот дел на хрватскиот остров Хвар. Градот целосно ги прекри улиците, а наносите од мраз наместа достигнаа и 20 сантиметри. Дел од локалните медиуми невремето го опишаа како „библиско“.

Фото: Crometeo / Твитер

Градот не е невообичаена појава на Јадранот во зимските месеци. На социјалните мрежи беа објавени и драматични снимки од т.н. „пијавици“ кај Комижа на островот Вис – појава слична на торнадо, која се јавува над морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот