ВИДЕО | Бајага: Драго ми е што на 9 декември ќе свириме пред публиката во Скопје

Фото: Стефан Рајхл

„Бајага и инструктори“ доаѓаат во салата Јане Сандански во рамките на проектот ,,30 години Авалон Продукција“.

По повод двата големи јубилеи, едниот на „Авалон“, 30 години успешна работа и следната година 40 години музичка кариера на „Бајага и инструктори“, организаторот го најави концертот на „Бајага и инструктори“ на 9 декември во СЦ „Јане Сандански“.

На прес конференцијата по повод концертот се обратија сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески и Момчило Бајагиќ – Бајага.

Фото: Стефан Рајхл

– Ми беше нелогично без Бајага и Инструктори да се одбележат овие 30 години на Авалон. Практично концертот на Бајага во Јане Сандански е како створен за тоа. Оваа работа е невозможно да се работи без емоции… јас сум и еден од оние 150 до 200 луѓе кои го гледаа првиот концерт на Бајага во МКЦ во Скопје – изјави на прес-конференцијата првиот човек на Авалон, Бобан Милошески.

– Драго ми е што на 9 декември ќе свириме во оваа сала, во која јас никогаш пред тоа не сум свирел, иако генерално сум свирел во сите простори во кои се свири во Скопје. Следната година славиме 40 години постоење на бендот „Бајага и инструктори“ и се подготвувавме за концертот во Скопје – изјави Бајага.

Дел од прес конференцијата можете да погледнете во видеото:

ИНТЕРВЈУ | Бајага реагираше за разводот: Зарем немате некое поубаво прашање?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот