ВИДЕО: Астон Вила го шокираше Челси, лондонските „сини“ сè подалеку од ЛШ

фото: EPA-EFE/Tolga Akmen

Во последниот натпревар од саботната програма на 29 коло во Премиер лигата екипата на Челси на домашен терен загуби од Астон Вила со 0:2.

Стрелци на головите на стадионот „Стемфорд Бриџ“ за гостите беа Воткинс во 18 минута и МекГин во 56 минута по асистенцијата на Ремзи.

После 10 пораз сезонава лондонските „сини“ направија уште еден чекор назад кога се во прашање местата кои водат во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

Играчите на менаџерот Грем Потер се на 11 позиција со 38 бодови, додека Астон Вила е деветтопласирана со 41.

Претходно во дербито Манчестер сити славеше над Ливерпул со 4:1, а со истиот резултат Арсенал триумфираше над Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот