ВИДЕО | Андоновиќ: Русија ја пушти низ вода прозападната влада на Ерменија

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ги повика Владата и националното собрание да се подготват за одржување предвремени парламентарни избори. Тој смета дека Ерменија изгубила во војната што и била наметната – и на бојното поле и на дипломатското поле.

Тој истакна дека земјата повеќе не е иста како на 26 септември, па дури и на 8 ноември, односно ден пред крајот на војната, Сарксијан изјави дека во изминатите денови имал повеќе состаноци со парламентарни и вонпарламентарни сили, јавни групи и поединци и дека разговарал со претставници на дијаспората, кои се согласиле дека единствено решение од срамниот пораз од Азербеџан во Нагорно Карабах се избори.

Како прв чекор се бара оставка на владата на прозападмн или укинување на нејзините овластувања, како и одржување на предвремени парламентарни избори. Протести се одржуваат во Ерменија од 10 ноември, откако премиерот Никол Пашинјан потпиша декларација за прекин на огнот со Азербејџан и Русија во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население. Демонстрантите сметаат дека договорот е предавство и бараат Пашинјан да поднесе оставка.

Оставка досега дадоа неколку министри во ерменската влада меѓу кој и шефот на дипломатијата Зохраб Минацаканијан. Инаку по 6 неделната војна со Арзебеџан за контрола на регионот на Нагорно Карабах ерменската армија доживеа целосен воен пораз при што беше принудена да се повлече од поголемиот дел од териотријата на Нагорно Карабах.

Судирот беше завршен под покровителство на Москва која во реонот на Нагорно Карабах испрати неколку илјади војници со тешка воена опрема за да го надгледува примирјето. На запирање на воените дејствија Еременија се согласи откако силите на азербеџцанската армија се закануваа да го освојат и главниот град Степенкарт кој со прекинот на огнот останува под Ерменска контрола.

Но, поголемиот дел од нагорно Карабах каде живееше православно ерменско население започна со егзодус, стравувајки од одмазда од азербеџанската армија. Инаку Азербеџан во оваа војна уживаше нескриена воена и политичка подршка од Турција. Наспроти ова, и покрај некои очекувања Ерменија не беше подржана од страна на големиот православен брат Русија.

Причините се бројни но една од нив е промената на курсот на земјата со доаѓањето на актуелната прозападна еременска влада на Пашињан, која ја прекина традицијата на ермеснки влади кои развиваа блиски односи со Москва. Ова, но и фактот дека и Азербеџан како поранешна советска република и натаму има руско влијание и блиски односи со Москва, укажуваат дека Ерменија останува на крстопат, но и ќе биде место на борба помеѓу Русија и западот за наметнување на свое геостратешко влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот