ВИДЕО: Андонова асистираше за победа против Реал Мадрид

фото: facebook.com/LUDFemenino

Во шестото коло од најсилната шпанска фудбалска лига во женска конкуренција екипата на Леванте славеше на гостувањето против Реал Мадрид со 2:1.

Тоа е инаку третата победа сезонава за Леванте, а прв пораз за Реал Мадрид по петте победи по ред од стартот на шампионатот.

Водеа гостинските фудбалерки од 12 минута по погодокот на Фернандез по асистенцијата на Габи Нунес.

Израмни домашната екипа во 50 минута преку Каиседо, а конечниот епилог беше поставен во 67 минута. Корнер изведе македонската фудбалерка Наташа Андонова, ја пронајде Габи Нунес која со глава ја смести топката во противничката мрежа.

На табелата Леванте е на петтата позиција со 12 бодови, шест помалку од водечката Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот