Вечерва има врнежи од снег со променлив интензитет во Маврово и на Стража

фото: Македонија пат, Поради обилни врнежи од снег, воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Во Маврово врнежите се помешани од дожд и снег (лапавица), но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатиот дел од државните патишта се одвива тековно, пo влажни коловози, пишува МИА.

Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот