„Вечерње новости“: Во Косово со европски пари се врши трговија со органи

Приватната клиника „Медикус“ во која во 2008 биле извршени најмалку 23 нелегални трансплантации на бубрег.
Фото: Курир.рс

Српскиот дневен весник „Вечерње новости“ пишува дека новиот случај со трговија со органи, кој го откри косовската полиција, е само уште еден доказ дека Албанците на Косово продолжуваат со овој бизнис.

Косовската полиција во петокот уапсила 4 лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршувањет на кривичното дело.

Како што велат од косовската полиција, во контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина се пронајдени докази за вакви дејствија.

„Вечерње новости“ пишува дека во последните петнаесетина години, во Косово голем бизнис постана отворање на приватни клиники во кои, според упатените во ситуацијата, воглавно работат нестручни лица. Благодарејќи на многубројните меѓународни донации, пред се од Европа, поседуваат најсовремена опрема и токму во ваквите клиники се извршуваат црните интервенции.

Пред нешто повеќе од месец дена, косовската полиција уапси четири лица за идентично кривично дело, незаконска трансплантација и трговија со органи после претрес во приватна клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот