Вечер на српската кошарка: Олимпијакос падна пред Звезда!

Фото: EPA-EFE/Georgia Panagopoulou

Како и Партизан претходно, вечерва и Црвена Звезда славеше победа во Евролигата. Црвено-белите со триумф се враќаат од Атина каде што го совладаа Олимпијакос – 90:86.

Грчкиот тим по изедначените десетина минути ја презеде контролата врз играта и стигна до 42:30, а потоа Звезда започна да игра подобро. Со серија од 8:0 српскиот тим намали на 41:44.

Второто полувреме донесе голема битка, а пресврт Звезда направи во завршницата кога дојде до 65:62. Од тој момент успешно го бранеше водството се до звукот на сирената.

Најефикасен во редовите на Звезда беше Вилдоза со 21 поен, четири скока и осум асистенции, Блек за Олимпијакос уфрли 14 поени.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Баскјонија – Виртус Болоња 90:70

Реал Мадрид – Лион 92:73

Алба Берлин – Макаби 70:83

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот