Изненадување во Евролигата: Партизан и Обрадовиќ го срушија Фенербахче во Истанбул!

Фото: KK Partizan Mozzart Bet/Twitter

Српски Партизан успеа да слави голема победа во Истанбул со 73:72 во 15. коло од Евролигата. Победата црно-белите ја обезбедија во драматична завршница, а домаќините ги расплака Алекса Аврамовиќ со двете слободни фрлања во последните моменти.

Подобро го отвори натпреварот Фенербахче, меѓутоа гостите не дозволуваа домаќинот да се одлепи. Првата четвртина заврши со 16:19 во корист на турскиот тим. Во добар ритам Партизан влезе на стартот од вториот период кога имаше серија од 7:0 и поведе со 23:19. Следуваше изедначена игра по која Фенербахче на пауза на полувремето водеше со 37:33.

Со агресивна игра во одбраната Фенербахче дојде на +11 во третата четвртина, Партизан не се откажа и брзо намали на шест негатива со кои се влезе во последниот период (57:51).

Српскиот претставник беше подобар во завршницата и успеа да излезе како победник од големата битка. Аврамовиќ остана со „мирна рака“ и ги реализираше слободните фрлања со кои Партизан дојде до победата.

Вилвекин за Фенербахче беше најефикасен со 14 поени, додека Пантер на спротивната страна на натпреварот го заврши со 12 поени, четири скока и две асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот