Вчера се аплицирани 18 877 вакцини, прва доза примиле 12 049 граѓани

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599 716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12 049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18 877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 079 049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479 333 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 68 отсто од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 65 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 61 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 51 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот